Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потрага по малезискиот авион: Полицијата ја пребарува куќата на пилотот

Потрага по малезискиот авион: Полицијата ја пребарува куќата на пилотот
Малезиската полиција ја пребарува куќата на пилотот на исчезнатиот авион Боинг 777-200 на Малезија Ерлајнс во потрага по информации кои би можеле да расветлат што се случило со леталото и со 239 патници во него. Истражните органи тврдат дека е возможно авионот да летал и шест часа откако се изгубил од радарите. „Се надеваме дека нови информации ќе ни помогнат и ќе ни понудат некои одговори за тоа што се случило со исчезнатиот авион“, рече малезискиот премиер Наџиб Разак. Малезиските власти ја прекинаа потрагата по авионот од летот МХ370 во реонот на Јужното Кинеско Море и целосно се префрлија на западната страна, во правец на Бенгалскиот Залив и Индискиот Океан. Малезиските власти потврдуваат дека авионот Боинг 777-200 на Малезија Ерлајнс со 239 патници најверојатно бил киднапиран и пренасочен. „Комуникацискиот систем на исчезнатиот авион намерно е онеспособен“, изјави Разак, додавајќи дека авионот намерно бил свртен од планираниот курс. „Сателитските снимки и записите од радарите покажале дека набрзо по полетувањето авионот на Малезија Ерлајнс го променил курсот, а имал гориво за седум часа лет. Затоа и потрагата сега се проширува во друг правец. За малезиските власти, осомничени за киднапирањето на авионот се пилотите, но се испитува можноста во авионот да имало и „вандали“ кои го принудиле екипажот да го промени курсот. Според анонимни малезиски извори во истрагата, „можноста авионот да е киднапиран веќе не е претпоставка, туку е потврдена“.
Слично

Поврзани вести