Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТРАГА: Можно е авионот на „Ер Азија“ да паднал во морето

ПОТРАГА: Можно е авионот на „Ер Азија“ да паднал во морето

Авионот на индонезиската компанија „Ер Азија“, „Аирбус 320-200“ со 155 патници и седум членови на екипажот, кој изгубил контрола со летот во Џакарта во неделата во 06:17 часот по локално време, најверојатно се наоѓа на дното на морето, изјавил шефот на иднонезиската агенција за потрага и спасување.

er azija tim

„Врз основа на координатите, ние очекуваме авионот да е во морето, мислиме дека е на дното“, рекол тој.

Претставник задолжен за авијација потврдил дека властоте имаат радарски податоци и дека чекаат вести за пронаоѓање на неговите остатоци како би можела да се започе истрагата за причините на несреќата, пренесуваат агенциите.

 Портпаролот на индонезиското воено воздухопловство Хади Тхахјанто рекол дека потрагата по летот QZ8501 е фокусирана на подрачјето североисточно од брегот Бангка, кој отприлика се наоѓа на средниот пат помеѓу Сурабаја и Сингапур во Јаванското море.

Слично

Поврзани вести