Потпретседателот на Сиера Леоне под карантин поради eбола
Потпретседателот Семјуел Сем Сумана самиот одлучил да биде ставен под карантин поради смртта на неговиот телохранител кој починал од ебола.
Инаку, епидемијата на ебола неодамна се намали во трите засегнати западноафрикански држави Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Според Светската здравствена организација (СЗО) од ебола починаа 9 589 лица, а заразени се 23 700 луѓе. Во Сиера Леоне досега починале 3 461 пациенти, но заразените се најмногу, дури 11 300 лица.
Љ.Н.
Слично
