Потопол јуни досега немало во историјата на светот
Потопол јуни немало во историјата на светот.
Изминатиот месец беше најтоплиот јуни на сите времиња во светот. Oва го соопшти денеска службата на Европската унија Коперникус, која ги следи климатските промени.
Просечната температура во јуни во светот била 0,1 степен повисока од досегашниот рекорден јуни во 2016 година. Температурата во јуни најмногу се зголемила во Европа, односно за два степени повеќе од просекот.
Во Франција, северна Шпанија, Италија и Германија минатата недела температурите беа за десетина степени повисоки од вообичаено.
Слично
