Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТОПЕН УШТЕ ЕДЕН РУСКИ ВОЕН БРОД: „Руската црноморска флота ќе го слави 9.мај на дното на морето“- напиша МО на Украина

ПОТОПЕН УШТЕ ЕДЕН РУСКИ ВОЕН БРОД: „Руската црноморска флота ќе го слави 9.мај на дното на морето“- напиша МО на Украина

Украина со дрон „Бајрактар“ потопи уште еден руски брод кај Змискиот остров во Црно Море.

Украинската Влада соопшти дека уништила уште еден руски брод, а Министерството за одбрана потврди дека нападот го извршила со дрон Бајрактар ​​ТБ2.

„Традиционалната парада на руската Црноморска флота на 9 мај оваа година ќе се одржи во близина на Змискиот остров,  на дното на морето“, напиша на својот Твитер профил украинското Министерство за одбрана.

Инаку, во средината на април, откако откако го зафати пожар, еден од најважните бродови на руската морнарица, крстосувачот „Москва“ следниот ден потона во Црното Море. Пред руските медиуми да објават дека има пожар, а потоа и евакуација на екипажот на бродот, украинските сили потврдија дека го нападнале крстосувачот со противбродски ракети „Нептун“ од домашно производство.


Слично

Поврзани вести