Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потона брод во Русија, најмалку 52 исчезнати лица

Потона брод во Русија, најмалку 52 исчезнати лица

Најмалку 52 лица исчезнале во Беринговото море недалеку од Цукотскиот полуостров на крајниот исток од Русија кога потонал јужнокорејски рибарски брод. Спасени се седум лица, а едно лице загинало, пренесува британски Би-Би-Си.

На бродот имало 60 членови од екипажот, од кои 35 Индонези, 13 Филипинци, 11 Јужнокорејци и еден руски инспектор.

Руските медиуми пренесуваат дека седум лица се спасени, но дека временските услови ја отежнуваат потрагата.

Бродот пред инцидентот пратил С.О.С. сигнал, наведува РИА Новости цитирајќи ја полицијата.

Јужнокорејската новинска агенција, Jonhap наведува дека бродот од 1590 тони е направен пред 40 година.

 
Слично

Поврзани вести