ПОТЕКНУВА ОД ВЕРСКО СЕМЕЈСТВО, ПРЕЖИВЕАЛ И АТЕНТАТ: Кој беше Али Хамнеи?
Али Хосеини Хамнеи е роден на 19 април 1939 година во светиот град Машхад, во североисточниот дел на Иран. Потекнува од религиозно семејство – неговиот татко бил исламски свештеник, што силно влијаело врз неговото образование и идниот животен пат. Уште од младоста се насочил кон верските студии, изучувајќи исламска теологија, право и филозофија во Машхад, а подоцна и во верскиот центар Ком.
Во 1960-тите и 1970-тите години, Хамнеи активно се приклучува кон движењето против шахот Мохамед Реза Пахлави. Тој бил ученик и следбеник на верскиот водач Рухолах Хомеини, кој станал симбол на отпорот против монархијата.
Полицијата го уапсела повеќе пати поради неговата активност. Овие настани го зацврстиле неговиот углед меѓу револуционерите и верските кругови.
По победата на Исламската револуција во 1979 година, Хамнеи станува една од важните фигури во новоформираната Исламска Република. Тој извршувал различни функции, вклучително и член на Советот на револуцијата и претставник во одбранбените структури.
Во 1981 година, по атентат во кој бил тешко ранет, Хамнеи станува претседател на Иран – функција што ја извршува два мандата (1981–1989). За време на неговото претседателствување, Иран се наоѓал во војна со Ирак, конфликт познат како Иранско-ирачка војна (1980–1988), што силно ја одбележал државата.
Хамнеи се смета за конзервативен верски лидер кој се залага за зачувување на принципите на Исламската револуција. Тој често истакнува потреба од самостојност, отпор кон странско влијание и зајакнување на исламските вредности во општеството.Израел и САД вчера го нападнаа Иран, при што го убиле Хамнеи, но и неговото семејство. Иран прогласи 40 дена жалост.
foto printskrin youtube
