Потег без преседан-во овој град за две години ќе нема приватни автомобили
Сингапур, кој спаѓа во најскапите места на светот кога е во прашање купувањето на возила, ќе ги забрани приватните автомобили на своите патишта во наредните најмалку две години.
Бројот на нови возила во Сингапур ќе биде намален од минатогодишните 0,25 посто на нула во февруари, соопштија властите на тој град-држава, додавајќи дека разгледуваат нова инвестиција во мрежата на јавниот превоз вредна повеќе милијарди долари.
Таа мерка, која претставува продолжение на строгата контрола на сопствеништво на возила во Сингапур, ќе биде ревидирана во 2020 година.
Строгите правила кога е во прашање поседувањето на возила во Сингапур му овозможиле да се избегнат преголемите гужви во сообраќајот со кој се соочуваат другите азиски градови.
Властите на Сингапур воведуваат посебни сертификати кои важат 10 години, а кои е неопходно да се купат со автомобил, со што да пример, цената на просечен седан е скоро четирипати зголемена во Сингапур споредбено со цената во САД, и изнесува повеќе од 110 000 сингапурски долари (80 000 американски долари).
И покрај тоа, повеќе од 600 000 приватни автомобили биле на улиците на Сингапур кон крајот на 2016 година.
