Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСТОЈАТ ДОКАЗИ: Oнаму каде воздухот е загаден, смртноста од коронавирусот е поголема

ПОСТОЈАТ ДОКАЗИ: Oнаму каде воздухот е загаден, смртноста од коронавирусот е поголема

Загадувањето на воздухот е поврзанo со смртноста од Ковид-19. 

Ова се наведува во објавениот извештај на Обединетите нации за влијанието на пандемијата на коронавирусот врз најголемите градови во светот.

„Постојат докази дека загубата на квалитет на воздухот е во корелација со повисоките стапки на смртност од Ковид-19“, стои во извештајот. 

Загадувањето на воздухот и емисиите на штетни гасови значително се опаднати во екот на пандемијата, пренесува Тасс.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, вели дека е неопходно да се следат принципите на еколошко засилување, еластичност и инклузивно економско закрепнување.

Тој додава дека многу градови изградија нови велосипедски патеки и пешачки зони, со што повторно го ставаат на располагање јавниот простор и ја подобруваат подвижноста, безбедноста и квалитетот на воздухот. 

Во Њу Делхи, град кој е загаден, секој четврти жител имал Ковид -19. 

Во земјата досега има регистрирано близи 1,3 милиони случаи. 

Слично

Поврзани вести