Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПОСТОЈАНО ДОЛЕВААТ МАСЛО НА ОГНОТ“ Сијарто удри по европските лидери пред итниот состанок во Париз

„ПОСТОЈАНО ДОЛЕВААТ МАСЛО НА ОГНОТ“ Сијарто удри по европските лидери пред итниот состанок во Париз

По најавената средба на дел од европските лидери кои треба да се состанат во Париз за да разговараат за ситуацијата во Украина, пристигнаа обвинувања од колегите.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека европските лидери кои се за војна и против американскиот претседател Доналд Трамп се состануваат денеска во Париз за да се обидат да го попречат мирот во Украина.

„Спротивно на тие лидери, ние ги поддржуваме напорите на Доналд Трамп... и ги поддржуваме американско-руските преговори и сакаме да има мир во Украина“, рече тој, според МТИ.

Според него, на потег се оние во Европа кои не сакаат мир, а како што наведе, во Европа се организира провоениот камп што ќе се состане денеска.

Сијарто ги обвини Европејците дека не сакаат мир во Украина

- Оние кои се среќаваат во Париз се тие кои постојано долеваат масло на огнот. Земји кои се за војна, кои спроведуваат непромислена стратегија во последните три години, чии политики доведоа до опасност од ескалација - нагласи Сијарто.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе биде домаќин на состанок на европските лидери на кој ќе се разговара за ситуацијата во Украина, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

Фото: Архива

Слично

Поврзани вести