Економија, финансии, бизнис

Контакт

Постои земја каде илјадници луѓе воопшто не слушнале за коронавирусот

Постои земја каде илјадници луѓе воопшто не слушнале за коронавирусот

Илјадници луѓе во западен Мјанмар да не знаат ништо за коронавирусот поради тоа што немаат пристап до интернет, објави CNN.

Владата на Мјанмар лани остави девет градови без интернет поради загриженост дека се користи за поттикнување конфликти меѓу војската и бунтовниците.

Околу 800.000 луѓе во земјата немаат пристап до интернет. 

Во еден град веќе има интернет, но во останатите осум, во кои живеат околу 800.000 луѓе сè уште има блокада до информациите. 

Од организацијата Human Right Watch и Amnesty International тврдат дека поради тоа луѓето се во животна опасност. 

Не само заради тоа што немаат пристап до информации, што е потенцијално кршење на човековите права, туку и поради тоа што не знаат ништо за коронавирусот.

Во Мјанмар досега се потврдени 292 заразени, а 6 луѓе починаа. 

Во светот бројот на заразени деновиве надмина 8.6 милиони луѓе. 

Бразил урива рекорди. Има 40.000 нови заразени само за 24 часа. 

Слично

Поврзани вести