Постои верзија на омикрон која ПЦР тестовите не ја детектираат?
Откриена e „невидлива“ верзија на сојот омикрон, која не ја регистрираат ПЦР-тестовите.
Невидливата вервија за прв пат е забележана меѓу геномите на коронавирус регистрирани деновиве во Јужна Африка, Австралија и Канада. Сепак, тешкотијата во откривањето на варијантата значи дека таа можеби веќе се проширила. Научниците идентификуваа „невидлива“ верзија на сојот омикрон што не може да се открие со рутински тестови што ги користат службениците во јавното здравство за да го следат неговото ширење низ светот, пишува „Гардијан“. Истражувачите велат дека е премногу рано да се знае дали новата форма на омикрон ќе се шири на ист начин како и стандардната варијанта. Тие истакнуваат дека оваа верзија е генетски различна и дека би можела поинаку да се однесува
СЗО нотираше дека во Европа има многу заразени деца.
фото freepik.com
