Економија, финансии, бизнис

Контакт

Постои антитело кое го неутрализира вирусот кој предизвикува Ковид-19

Постои антитело кое го неутрализира вирусот кој предизвикува Ковид-19

Од ден на ден мистериите околу коронавирусот се намалуваат. 

Научниците пронашле антитело кое го неутрализира вирусот кој предизвикува Ковид-19. 

На лекот се гледа како на потенцијална превентива против коронавирусот.

Научниците од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Питсбург ја изолирале најмалата биолошка молекула што целосно и специфично го неутрализира вирусот што предизвикува Ковид-19, објави „Њујорк пост“.

Компонентата на антителото е 10 пати помала од антитело со целосна големина и е искористена за создавање на лекот Ab8, споделен во извештајот објавен од истражувачите во списанието Cell во понеделникот. 

Според извештајот, лекот е многу ефикасен во спречување и лекување инфекции со САРС-КоВ-2 кај глувци и ‘рчковци за време на тестовите. 

Лекот наводно не се врзува за човечките клетки, што укажува дека нема да има негативни несакани ефекти кај луѓето.

Истражувачите размислуваат неконвенционално за тоа како лекот може да се дава наведувајќи дека тој би можел да се вдише или да се дава преку површна инјекција. 

Кај испитувања на глувци, оние што биле третирани со Ab8 имале 10 пати помалку од количината заразен вирус во споредба со нестираните. 

Во меѓувреме, докторка од Кина тврди дека вирусот е создаден од човек во лабораторија во Вухан и верува дека тоа ќе го докаже. 

Слично

Поврзани вести