Економија, финансии, бизнис

Контакт

Постигнат постсоветски нафташки рекорд

Постигнат постсоветски нафташки рекорд
Растот на производството на Роснефт и странските проекти во ноември го подигнаа вкупното производство на нафта во Русија на постсоветски рекорд од 10,61 милион барели дневно. Производството на нафта во Русија, кое е инаку најголемото во светот, беше на врвот во 1988 година, кога таа земја се уште беше дел од советскиот сојуз, покажуваат податоците на Мешунардоната агенција за енергетика, пренесува Ројтерс. Руското производство тогаш , со 11,41 милиони барели дневно го сочинуваше вкупното производство на СССР. Во 2010 година Русија ја презеде позицијата на најголем светски производител на нафта од Саудиска Арабија, која, кога ќе процени дека тоа е потребно, го намалува обемот на производство. Руското производство на нафта, минатата година достигна нов постсоветски рекорд од 10,37 милиони барели дневно.  
Слично

Поврзани вести