ПОСТХУМНА СНИМКА: Калибали: „Станав против полицијата“
Маж кој многу потсетува на Амеди Кулибали, еден од убиените напаѓачи во акцијата на полицијата во Париз, на видео снимка која денес беше поставена на Интернет изјави дека е член на екстремистичката група Исламска држава.
Обраќајќи се во камера, мажот вели дека „станал против полицијата“, додека текстот кој поминува преку сликата потврдува дека го убил полицискиот службеник на југот во Париз во четвртокот и дека ја нападнал еврејската продавница наредниот ден, пренесува „АФП“.
Француските сили за безбедност во моментов насочени се кон пронаоѓање на Хајат Бумедиан, партнерка на Амеди Кулибали, кој во петокот држеше заложници и уби четворица од нив.
Во американските медиуми се појавија информации дека таа можеби уште пред нападот отпатувала во еден турски град во близина на сириската граница од каде и се губи секаква трага.
Пред да биде убиен, во акција на елитните полициски единици, Калибали им рекол на новинарите дека е припадник на џихадистичката група Исламска држава.
Калибали и Бумедиен се главни осомничени за убиството на сообраќајниот полицаец во четвртокот во близина на француската престолнина.
Овој напад дополнително ја потресе Франција која се опоравуваше од терористичкиот напад врз редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“ во средата кога двајца вооружени напаѓачи, браќата Шериф и Саид Куаши, убија дванаесет лица меѓу кои 10 новинари и двајца полициски службеници, додека 11 лица беа ранети.
Браќата Куаши, кои држеа еден заложник во печатница, беа убиени во петокот во акција на француските сили за безбедност.
Слично
