Поставени се 109 колички за 109 убиени деца во Лавов
Во украинскиот град Лавов се поставени 109 колички за 109 убиени деца на главниот плоштад.
Канцеларијата на главниот државен обвинител објави дека досега се повредени најмалку 130 деца во земјата. Русите погодија 439 училишта, а 63 се целосно уништени.
Руските војници неодамна го бомбардираа и театарот во градот Мариупол, каде што се криеле околу 1.000 Украинци, меѓу кои имало и голем број деца. Украинците дошле на идеја да го напишат зборот „деца“ пред и зад театарот за да им сигнализираат на Русите дека се најмлади и да не го бомбардираат засолништето, но тоа, не помогна.
Украина вели дека тврдењата на Путин за геноцид се бесмислени.
Слично
