Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСЛЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА ДАРИЈА ДУГИНА: „Тато се чувствувам како херој, не сакам поинаква судбина“

ПОСЛЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА ДАРИЈА ДУГИНА: „Тато се чувствувам како херој, не сакам поинаква судбина“

Блискиот пријател на рускиот претседател Владимир Путин, филозофот Александар Дугин на последното испраќање на неговата ќерка Дарија, која загина во саботата во експлозија во автомобилот раскажа кои биле последните зборови кои му ги упатила:

- И последното нешто, кога разговаравме со неа на фестивалот Традиција, таа ми рече: „Тато, се чувствувам како воин, се чувствувам како херој. Сакам да бидам таков. Не сакам поинаква судбина Сакам да бидам со мојот народ, со мојата земја. Сакам да бидам на страната на силите на светлината. Тоа е најважно - рече Дугин на разделбата со својата ќерка.

Комеморацијата се одржува во телевизискиот центар Останкино. Рускиот претседател Владимир Путин постхумно ја одликува Дарија Дугина со Орден за храброст.

Руските безбедносни служби објавија дека во атентатот е вмешана украинската служба за безбедност.

Како непосреден извршител на службата ја наведуваат државјанката на Украина Наталија Вовк.

ФОТО: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Слично

Поврзани вести