ПОСЛЕДНИТЕ МОМЕНТИ НА ЧОВЕКОТ НА КОЈ МУ БЕШЕ ПРЕСАДЕНО СРЦЕ ОД СВИЊА: Цитомегало вирус го „уби“ пациентот откри д-р Грифит
Дејвид Бенет, човекот на кого му беше трансплантирано генетски модифицирано свинско срце, почина месец и пол по револуционерната операција
за трансплантација.
Најновите наоди покажуваат дека Бенет починал поради вирус кој ги напаѓа дивите животни, пренесува Њујорк Тајмс.
По смртта на пациентот, се огласија научниците и лекарите од Универзитетот во Мериленд.
"Нема докази дека вирусот предизвикал инфекција на пациентот или инфицирал ткиво на некој орган. Причината за смртта сè уште се истражува. Постојат неколку теории, една од главните е дека срцето на Бенет било многу оштетено пред да започне трансплантацијата," велат од Универзитетскиот медицински центар.
Д-р Бартли Грифит, кој води специјален хируршки тим за
ксенотрансплантација, на научна конференција ги претстави прелиминарните
резултати од истражувањето за можните причини за смрт.
„При специјално и многу ризично истражување пронајдени се докази за вирус наречен цитомегаловирус (pCMV). По 45 дена, пациентот за жал почина на 8 март. На четириесет и петтиот ден пациентот изгледаше многу лошо. Неговата состојба наеднаш се влоши. Нешто се случи, го изгуби вниманието, не можеше да разговара со нас. Само лежеше во кревет и дишеше многу тешко. Имаше и висока телесна температура“, заклучи Грифит.
ФОТО: YouTube PrintScreen