Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСЛЕДНИОТ ТАНЦ: Најголемиот стручњак за трансфери на светот му се поклони на Лука Модриќ

ПОСЛЕДНИОТ ТАНЦ: Најголемиот стручњак за трансфери на светот му се поклони на Лука Модриќ

Хрватскиот капитен Лука Модриќ (37) веројатно го одигра претпоследниот натпревар на светските првенства. Тој го напушти теренот во 81. минута, кога беше заменет од Ловро Мајер. Целиот фудбалски свет оддава почит на големата кариера на Модриќ, која, додуша, се уште не е завршена. Нему му се поклони Фабрицио Романо, најпознатиот стручњак за фудбалски трансфер, кој на Твитер го следат речиси 13 милиони луѓе.

„Почит за сите играчи и љубители на фудбалот на планетава. Финалист и полуфиналист на Светското првенство. Квалитет, лидерство, чиста класа. Симбол на неговата земја. Добитник на Златна топка. Уметност во движење. Последен танц на Светското првенство, уште еднаш како еден од најдобрите играчи на турнирот, Лука Модриќ“, напиша Романо.

Фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести