Економија, финансии, бизнис

Контакт

Последната фотографија на мостот во Џенова открива во колку лоша ситуација бил-недела дена пред да се урне изгледал вака

Последната фотографија на мостот во Џенова открива во колку лоша ситуација бил-недела дена пред да се урне изгледал вака

Фотографија на мостот во Џенова, наводно направена пред недела дена, јасно покажува во колку лоша состојба бил пред да се урне, поради што настрадаа 38 луѓе.

На фотографијата јасно се гледа дека надвозникот се распаѓа, а се гледаат и сајли кои висат од долната страна на мостот.

Фотографијата ја обивил твитер корисник, а покрај неа напишал: „Мостот во Џенова минатата недела. Без коментар“.

Семејствата на загинатите и властите за трагедијата ја обвинуваат приватната компанија „Autostrada“ која ги одржува повеќето италијански авто-патишта.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте наведува дека операторот на автопатот, компанијата „Autostrada“, е одговорна за обезбедување на безбедноста на мостот и дека владата нема да го чека исходот од актуелната истрага за трагедијата за да преземе акција.


Компанијата денес извразила убедување дека ќе докаже дека ги исполнила обврските од договорот за концесија за работата на тоа место.

Владата во Рим, исто така, повика на оставка на врховниот менаџмент на таа компанија и порача дека ќе бара изрекување на високи казни.

Надвозникот, изненадно во текот на силно невреме, се урнал по што десетина возила кои во тој момент поминувале по него пропаднале низ пукантините, 50 метри под нивото на патот.


Слично

Поврзани вести