Економија, финансии, бизнис

Контакт

Последната битка за иднината…

Последната битка за иднината…
Само неколку слики на загинати борци и цвеќињата во центарот на Киев потсетуваат за драматичните настани кои се развиваа пред една година на плоштадот "Независност", познат како Мајден. Барикадите и шаторите одамна ги нема. Градот создава чувство на обединетост и во исто време трауматизираност во очекување на парламентарните избори на 26 октомври. Енергијата и надежта за нов почеток за време на револуцијата беа исцедини од војната што зеде 3 600 жртви. Крим веќе го нема, големи делови од југоисточната индустриска област Донбас се во рацете на сепаратисти, а примирјето е кревко. Нема којзнае какви добри вести. Украина изгуби драгоцено време за реформирање на економијата, која е на работ на колапсот. Првата постреволуционерна влада вклучуваше некои од активистите од протестите на Мајден и се покажа непристојно слабо, без искуство и вештини. Павло Шеремета, кој поднесе оставка по шест месеци како министер за економија, рече дека старите ставови биле толку вкоренети што имал премногу мала контрола над сопственото министерство кое било реплика на Госплана - комитетот за државно планирање на економијата од советско време . "Поминав по три часа на ден во потпишување на 200-300 документи. Повеќето беа полни глупости, произведени од единицата, за да го оправда своето постоење", рече тој. Одлучувачки фактор, политичката волја да се промени постсоветскиот поредок во земјата, е сомнително отсутен во Украина. Итните реформи беа одложени од украинскиот парламент - Рада, остаток од стариот режим. Целта на изборите е да се зајакне моќта на претседателот Петро Порошенко и да му се даде контрола над законодавството, пишува во својата анализа The Economist. "Треба да создадеме нов децентрализиран систем на управување, инаку никакви реформи нема да се можни", изјави вицепремиерот Володимир Гроисман, сојузник на Порошенко. Ако претседателската партија Блок на Порошенко освои апсолутно мнозинство, Гроисман може да биде следниот премиер. Ако не, Порошенко најверојатно ќе формира коалиција со сегашниот премиер Арсениј Јаценјук, кој е кандидат во националистичките редови. Како и секогаш во Украина, ништо не е како што изгледа. Изборите нема да го променат системот, во кој пратениците се експонент на бизнис интереси и можат да бидат продадени и разменети. Новиот парламент најверојатно ќе доминира од стари лица со нови маски. Омразената Партија на регионите си отиде, но духот нејзин живее во партиите Силна Украина и Опозицискиот блок. Се тврди дека олигарси како Ринат Ахметов, Сергеј Левочкин и Дмитро Фирташ, кои се обвинувани за корупција од американските официјални лица продолжуваат да влијаат врз изготвувањето на партиските листи, вклучувајќи ја и таа на Народниот фронт на Јаценјук. Игор Коломоиски, најсилниот олигарх и гувернер на Днепропетровската област, упориште на антисепаратисткиот отпор, нема своја партија, но ќе контролира многу од гласовите. Наспроти овие сили во политиката влезе првата постсоветска генерација. Тие може да добијат само 20 места во новиот парламент, но се надеваат на антикорупциската порака која има широк одек. Младите Украинци, кои имаат завршено на Запад и имаат добра работа во приватни фирми и инвестициски банки, се собираат да помогнат за изградба на нова држава. Тие ќе се соочат со огромни пречки. Голем дел од украинската економија е заглавена во хитроумни шеми за пренасочување на државните пари во приватни џебови. Некои од срамота, создадени од соборениот претседател Виктор Јанукович, се затворени, но многу преживеале. Дури законот за лустрација, кој слепо удира по државни службеници од времето на Јанукович, до моментов се користи најмногу за расчистување на местото за нови кланови. Порано или подоцна реформата влегува во конфликт со лични интереси. Даниил Паско од Советот за национална реформа вели дека вкопаните се администартивци кои го "разбираат системот што сакаме да го промениме, десеткратно подобро од нас: тие го изградиле". Излезот на битка е од егзистенцијална важност за Украина. Реформаторите се вооружуваат со нови институции како Бирото за борба против корупцијата, што ќе има спроведувачи овластувања. Во меѓувреме старите обвинители, кои често беа вклучени во кривични акции, се лишени од широките овластувања. Новата политичка класа ќе биде подложена и на огромен притисок од Русија. Успех на украинските реформатори е најголемиот кошмар за Путин. Тој ќе направи сé за да спречи оваа идеја да навлезе и во Русија. Корупцијата во Украина е сојузник на Кремљ. Русија, исто така го засилува притисокот со инсистирање да и 'се наплатуваат идните гасни испораки од "Гаспром", како и исплата на старите долгови. Украина се уште не го почувствувала целиот товар на економската криза, но со наближувањето на зимата недостигот на гас ќе ја извади вистината на виделина. Со економија која се собираа со 10% оваа година, 14% инфлација, асимилирани резерви и надвиснати исплати на долг Украина не може да преживее без помош. Оваа помош зависи од способноста на владата да покаже напредок во реформите, вклучувајќи дерегулација и укинувањето на енергетските субвенции, колку и да се спротивстават на тоа олигарсите. "Секој разбира дека ако не го смислиме системот, таа само ќе се сруши", рече Дмитро Шимков, заменик-шеф на претседателската канцеларија задолжена за реформите. Тие треба да покажат резултати. Најголемата закана не е само дека парите ќе завршат, туку дека ќе се кандидира и довербата на луѓето кои стоеја на Мајден и се бореа во војната. Во меѓувреме, десетици илјадници украински војници се уште се на фронтот и не можат да гласаат. Со слабеењето на борбите тие наскоро ќе се вратат во своите домови и ќе затекнат влада, во чие бирање не играле никаква улога. Ако не видат промена во начинот на кој се управува со нивната земја, тие ќе излезат на улиците, не со дрвени штитови и палки како пред една година, туку со вистинско оружје. Следниот Мајден ќе личи помалку на карневал и повеќе на болшевичката револуција од октомври 1917 година. Ако не друго, барем тоа би требало да ги мотивира украинските власти. K.K.
Слично

Поврзани вести