Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСЛЕДИЦИТЕ ПОЧНАА: 600 илјади специјалисти го напуштаат Островот по Брегзит

ПОСЛЕДИЦИТЕ ПОЧНАА: 600 илјади специјалисти го напуштаат Островот по Брегзит

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија ќе има значителни импликации за пазарот на трудот во државата, откако стотици илјади британски и европски граѓани ја напуштат земјата, соопшти Worldcrunch.

Студија на специјалисти за глобалните приватни пазари од StepStone покажува дека околу 600 илјади професионалци ќе ја напуштат Велика Британија.

Британија станува помалку привлечна дестинација за работа, вредноста на фунтата паѓа, а економијата ризикува пад на поради ограничувањата за слободно движење на работници.

Во светлината на оваа ситуација Германија може да извлече најмногу дивиденди: земјата има потреба од квалификувани работници и е привлечна дестинација за слични мобилни професионалци.

Во зависност од британските преговори во следните 2 години, повеќе од 2,1 милиони Европејци кои живеат на Островот, ќе треба да го напуштат. Иако 1,5 милиони Британски државјани што живеат во ЕУ, ќе го задржат правото да останат таму, статусот на Европејците кои живеат во Велика Британија, не може да биде загарантиран. Тоа го потврди го и новоизбраниот премиер Тереза ​​Меј.

Ако Велика Британија загуби пристапот до заедничкиот европски пазар, вработените ќе треба да ја напуштат земјата, бидејќи големите компании и банкарски институции, кои се силно поврзани со Европа, ќе бидат принудени да го преселат бизнисот на континентот.

Слично

Поврзани вести