Последици од Брегзит: Британците масовно вадат државјанство од земји членки на ЕУ
Според податоците на Би-Би-Си., расте бројот на Британци, кои аплицирале за државјанство на други земји-членки на ЕУ, особено по референдумот за Брегзит.
Во 2017 година, 12 994 Британци добиле државјанство од 17 земји членки на ЕУ, а во 2016 година таа бројка била 5025, а во 2015 година 1 800.
Според направените анализи, Британците најчесто добивале државјанство од Германија, каде е забележан скок од 594 такви случаи во 2015 година на 7493 минатата година. По германското следат француско државјанство, кое минатата година го добиле 1 518 лица, потоа е белгиското - 1381, а барањето на ирско државјанство се зголемило од 54 во 2015 година на 529 во 2017 година.
На тој начин тие ќе имаат двојно државјанство и ќе може слободно да патуваат, живеат и работат во ЕУ, а државјанство е може да добијат и нивните деца.
Британските граѓани кои ги исполнуваат критериумите за стекнување државјанство на некои земји-членки на ЕУ, ќе можат да поднесуваат барање и по Брегзит, но, тие можат да имаат проблем во земји како што се Германија, која овозможува двојно државјанство само за граѓаните на другите земји на Унијата.
Доколку ова не се промени, Британците кои земале германско државјанство, ќе мора да се откажат од британското ако сакаат да го зачуваат германското по Брегзит.
