ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ: Како реагираше светот на смртта на Дејвид Боуви
По смртта на легендардниот британски музичар Дејвид Боуви, денес стигнаа реакции од целиот свет- од колеги музичари па до политички лидери.
Композиторот, пејач, актер, продуцент, и една од најголемите поп-ѕвезди во светот, вчера почина по долгата битка со ракот.
Утрово повеќе од три милиони пораки на Твитер имаше само за четири часа, по веста за смртта на музичкиот гениј.
"Пријателство со Дејвид беше светлина на мојот живот. Никогаш не сум сретнал некој кој е толку брилијантен. Тој беше најдобар ", напиша американскиот музичар Иги Поп .
Членовите од групата Група Ролинг Стоунс изјавија дека се " шокирани и длабоко жалат " поради смртта на нивниот" драг пријател ".
"Како што беше голем и добар човек , тој е , исто така, извонреден уметник и навистина оригинален "- напиша познатата група.
Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека смртта на Боуви е „голема загуба за светот”. Премиерот рече дека тој израснал со музиката на Боуви, кого го нарече „поп-гениј” и „господар на трансформацијата”.
Поранешниот британски премиер Тони Блер, кој за себе вели дека е голем фан на Боуви, рече дека по неговата смрт ќе биде во "длабоко жалење" .
Германскиот министер за надворешни работи рече дека Боуви придонесе за "уништување на Берлинскиот ѕид" .
„Збогум Дејвид Боуви. Сега си меѓу хероите. Ти благодариме што помогна да падне Ѕидот”. – се наведува во соопштението на министерството.
На Боуви му оддаде почит и министерот за култура на Ватикан, рецитирајќи ги зборовите од неговата песна "Space Oddity".
Комичарот Рики Гервејс, во чија емисија беше гостин и Боуви, напиша на Твитер дека “изгуби голем херој”.
Британскиот пејач Марк Алмонд рече дека „утрово се разбудил во солзи”.
„Дејвид Боуви ме научи многу повеќе од сите наставници во школо” – додаде музичарот Алмонд.
Американскиот рапер Канје Вест вели дека Боуви му бил една од неговите најголеми инспирации.
Поп-кралицата Мадона напиша дека се чувствува „уништена” поради смртта на човекот што и го променал животот.
Британскиот рокер Били Ајдол признава дека плачел откако слушнал за смртта на Боуви.

