ПОСЛЕДЕН ОБИД ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ВОЈНА-ШОЛЦ Е ВО МОСКВА, НО ОДБИ РУСКИ ПЦРТ ТЕСТ: Москва со порака-ако нè испровоцираат напаѓаме
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска е во Москва на разговори со Владимир Путин за деескалација на
тензиите на руско-украинската граница, но тој одби да направи ПЦР тест пред средбата. Наместо рускиот тест,
Шолц одлучил лекар од германската амбасада да му направи ПЦР тест, што е предуслов за влез во Кремљ на средба со
рускиот претседател.
Шолц е последниот во серијата западни шефови на држави и влади вклучени во силна дипломатска офанзива за спречување војна, а мисијата е чувствителна затоа што Германија е најголемиот трговски партнер на Русија во Европа. Се очекува средбата во Кремљ да трае неколку часа. За време на неговата вчерашна посета на Киев, пак, Шолц изјави дека ќе лобира кај Путин за да ја смири кризата во Украина. Тој го опиша распоредувањетона десетици илјади руски војници долж украинската граница како „неразбирливо“, заради што ќе ја предупреди Русија да не врши напад врз Украина и нагласи дека ЕУ и САД се подготвени да одговорат на острите економски санкции.
Во меѓувреме, рускиот претставник во Европската Унија, Владимир Чижов предупреди дека Русија ќе ги заштити своите граѓани каде било во светот, вклучително и во украинскиот бунтовнички регион Донбас.
-Нема да ја нападнеме Украина освен ако нè испровоцираат да го сториме тоа. Ако Украинците ја нападнат Русија, не треба да бидете изненадени ако извршиме контранапад или ако тие отворено убиваат руски граѓани насекаде - во Донбас или каде било“, изјави денеска Чижов.
