Економија, финансии, бизнис

Контакт

После шест дена под урнатини спасена жена во Непал

После шест дена под урнатини спасена жена во Непал

Спасувачите извлекоа жена од под урнатините на зграда во Катманду, пренесе Би-Би-Си. Цело време таа била заглавена од трупови.

Претходно беше спасено 15-годишно момче, затрупано под хотелот. Тоа имало среќа при уривањето хотелот бидејќи се наоѓало во лифт. Кога спасувачите го извадиле, Пема Лама бил свесен и дури го фатил за раката еден од луѓето кои бореле се часови да стигнат до него во урнатините.

Истовремено владин портпарол во Непал изјави дека лошото време ги попречува екипите кои се на помош на оддалечените области и села.

Владата доби критики за начинот на кој се справува со катастрофата.

Надвор од Катманду, помош се испраќа претежно со хеликоптер, бидејќи патиштата се блокирани од свлечишта, после силниот земјотрес, кој одзел над 5.500 човечки животи.

Слично

Поврзани вести