Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСЛЕ МЕСЕЦИ НА ТЕШКИ ЗБОРОВИ: Обама и Ердоган на неочекувана средба!

ПОСЛЕ МЕСЕЦИ НА ТЕШКИ ЗБОРОВИ: Обама и Ердоган на неочекувана средба!

Откако пред само неколку дена американскиот претседател Барак Обама одби да се сретне со турскиот колега Реџеп Ердоган, сепак двајцата разговарале на маргините на самитот за нуклеарна безбедност, која започнува во САД.

Тие разговарале за соработката на Анкара и Вашингтон во борбата против терористичката група „Исламска држава“, соопштија агенциите.

Според прес-службата на Белата куќа двајцата претседатели разговарале за „американско-турската соработка во областа на регионалната безбедност, борбата против тероризмот и миграцијата“.

Покрај тоа Обама му изразил на Ердоган сочувство во врска со загинувањето на луѓе при терористичкиот акт извршен во четвртокот во Дијарбекир, југоисточниот дел на Турција.

Во врска со ова државниот врв на САД ја „потврди поддршката на САД за безбедноста на Турција и потсети на заедничките напори против терористите“.

Обама и Ердоган разговарале и за прашањето „на кој начин да ги протуркаат заедничките напори насочени кон слабеење и уништување на ИД“, забележува прес службата на американската администрација.

Слично

Поврзани вести