Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСЛЕ КРИМ: Проруските приврзаници во Доњецк прогласија „народна република“!

ПОСЛЕ КРИМ: Проруските приврзаници во Доњецк прогласија „народна република“!
И по отцепувањето на Кримскиот Полуостров и неговото приклучување кон Русија, ситуацијата во Украина не се смирува. Во овие два дена особено тензично е во градот Доњецк, каде што проруски демонстранти ја зазедоа зградата на регионалната влада и прогласија „народна република“ на територијата на тој град. Слични акции се изведуваат и во Харков и Лугањск. Демонстрантите во Доњецк, град со околу еден милион жители, бараат да се организира референдум за приклучување кон Руската Федерација, слично како што тоа претходно го направи и Крим. Властите во Киев инсистираат дека кримското сценарио нема да успее во источна Украина. Според привремениот украински претседател Олександер Турчинов, сепаратистичките акции во источна Украина се втората фаза од специјалните операции на Русија, чија цел е поделба на Украина. Турчинов и се обрати на јавноста оценувајќи дека непријателите на Украина играат според кримското сценарио, но оти тоа нема да им помине.  Истовремено тој најави и антитерористички мерки против оние проруските демонстранти кои се вооружени.
Слично

Поврзани вести