Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСЛЕ БОЖИК - Британија бележи раст на бројот на заболени од ковид

ПОСЛЕ БОЖИК - Британија бележи раст на бројот на заболени од ковид

Бројот на лица хоспитализирани со Ковид-19 во Обединетото Кралство се зголеми од Божиќ наваму, покажуваат владините бројки.

Во средата, на 29 декември, во британските болници имало 11.898 пациенти, според владините податоци, што е најголем број од почетокот на март годинава, но сепак многукратно помал од пикот во средината на јануари кога имало речиси 40 илјади.

Бројот на пациенти на респиратор во средата изнесува 868, а тој број се уште не го следи растот на бројот на новозаразени и хоспитализирани - во истиот период минатиот месец ги имало повеќе од 900.

Велика Британија вчера имаше 189.213 потврдени нови случаи на инфекција, објави владата, а ова е нов рекорд по бројот на новозаразени од почетокот на пандемијата. На официјалната веб-страница на владата нема конечни бројки за бројот на починати од Божиќ, кога имаше 54.

Растот доаѓа во време на зголемен притисок врз официјален Лондон да им даде приоритет на здравствените работници во пристапот до брзите тестови кои не се доволни.

Побарувачката за тестови порасна за време на празниците бидејќи жителите сакаат да се тестираат пред да се дружат. Сепак, институциите што ги претставуваат медицинските сестри и лекарите ги повикаа министрите да обезбедат тестови за нив за да се спречи недостиг на персонал поради инфекција или самоизолација.

Извор: Индекс.хр

Слично

Поврзани вести