После 100 години во Турција ќе се гради христијанска црква
Турските власти одобриле изградба на христијанска црква во земјата, прва од 1993 година, кога е формирана модерна Турција.
„Тоа ќе биде прва нова црква од формирањето на Републиката. Од тогаш многу цркви се обновувани или повторно отворени, но ниту една нова нее изградена“, рекол еден неименуван извор од турската влада.
Црквата наменета за сириските христијани, ќе почне да се гради во Истанбул, во делот кој во Европа е познат под името Сан Стефано, каде се наоѓаат јеременската, грузиската и грчката православна и католичка црква,
Изградбата на црквата ќе ја финансира фондацијата која се бори за правата на католичките и православните Сиријци во Турција, кои воглавно живеат во југоисточниот дел од земјата, а нивниот број е проценет на речиси 20.000.
Во Турција 99 одтсо од населението го сочинуваат муслимани, а христијаните се неретко жртви на напад во таа земја, наведува агенцијата франс прес.
Како земја која сака да стане членка на ЕУ, Турција направила значајни промени во почитувањето на правата на религиозните малцинства. Во таа цел се обновуваат и синагогитем црквите и манастирите, и им се враќа имотот кој некогаш им припаѓал.
Поглаварот на ромокатоличката црква Фрањо кон крајот на ноември ја посетил Турција, кога изразил стравување за христијаните во регионот, кои се во опасност од џихадистите во Сирија и Ирак.
