ПОСКАПУВААТ ЦЕНИТЕ ВО УШТЕ ЕДНО ПОЗНАТО ЛЕТУВАЛИШТЕ - еве што треба да знаете ако одите таму на море
Тунис денеска ги зголеми цените на водата за пиење до 16 отсто како одговор на петгодишната суша.
Цената на водата ќе биде непроменета за малите потрошувачи, објави Ројерс. Најголемо поскапување има кај оние чија потрошувачка е поголема од 150 кубни метри, како и кај туристичките капацитети за кои цената на метар кубен се зголемила за 16 отсто. Оние кои трошат од 70 до 100 метри кубни вода квартално ќе платат 13,7 отсто повеќе, додека за потрошувачите на вода од 40 до 70 метри кубни ќе бидат повисоки за околу 12 отсто.
По неколку години суша, просечните врнежи се зголемија во последните месеци, но владините претставници оваа недела проценија дека браните во Тунис достигнале само 35 отсто од нивниот капацитет, забележува британската агенција. Минатата година оваа северноафриканска земја воведе систем на квоти за вода за пиење и забрана за нејзина употреба во земјоделството, а од минатото лето го прекинува снабдувањето со вода во ноќните часови.
Тунис отвори постројки за бигор вода за да се обиде да го компензира недостатокот на брани во земјата и влијанието на климатските промени.
Фото: Принтскрин/Твитер