Поскапува студентскиот живот во Франција
Според барометарот на Федерацијата на општите студентски асоцијаци во Франција, денеска објавија дека студентскиот живот на почетокот на универзитетската година 2013/2014 поскапува за два отсто.
Според пресметката, еден студент во Париз на почетокот на универзитетската година ќе треба да потроши во септември 2.787 евра за специфичните трошоци како плаќање на уписот на факултет, купување книги и здраствено и друго осигурување.
Во другите француски универзитетски градови, чекот кој ќе треба да го платата студентите изнесува 2.370 евра. Студентите, единствено поевтино ќе плаќаат за стан, две евра поевтино за месечната закупнина.
Сите други трошоци, како тикетите за универзитетските ресторани, бележат
Котизациите за социјалното здраствено осигурување, увтрдени од државата се зголемуваат за четири евра, но затоа пак дополнителните здраствени осигурувања забележуваат драстични зголемувања.
Студентските синдикати веќе подолго време бараат промена на системот за здраственото осигурување на студентите, бидејќи според нив 15 отсто од нив не се лекуваат поради недоволна социјална заштита, а 12 проценти од сите студенти немаат дополнително здраствено осигурување поради недоволно финансии.
