Поскапува кафето!
Сушата во Бразил значително ќе ја зголеми цената на кафето на светските берзи. Веста секако нема да ги израдува љубителите на кафе, но аналитичарите проценуваат оти поскапувањето ќе се почувствува во целиот свет, во сите супермаркети и во угостителството!
Сушата во Бразил, најголемиот светски производител на кафе, е толку голема што годинава се очекува дури 30% послаб род во споредба со лани. Бразил покрива една третина од целата светска побарувачка на кафе, но земјата поминува низ рекордна суша, незапаметена во последните 30 години.
Слично
