Поскапе храната во ЕУ
Во април за 0,7 отсто се зголемени малопродажните цени во Русија за разлика од претходниот месец, додека во Европската унија тоа зголемување во просек било 0,2 отсто.
За првите четири месеци, од јануари до април, храната во Русија поскапела за 2,8 отсто во споредба со истиот период минатата година, а во ЕУ за 1,1 отсто, соопштила руската агенција за статистика на основа на податоците на Еуростат и националните статистички служби.
Меѓу земјите на ЕУ, најголемиот месечен раст на потрошувачките цени на прехранбените производи во април е забележано во Словенија од 1,1 отсто, Унгарија 0,8 отсто и Австрија од 0,7 отсто.
Од почетокот на годината до крајот на април поскапела храната во Финска, за 4,1 отсто, Словенија и Естонија по три отсто и Унгарија 2,7 отсто. Во низа земји членки на ЕУ цените на намирниците во април се намалени.
На Кипар биле пониски за 1,4 отсто, а во Чешка, Бугарија, Данска, Холандија и Португалија од 0,1 до 0,6 отсто.
Априлската инфлација во Русија достигна 0,5 отсто, а за првите четири месеци од 2,4 отсто.
Слично
