Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поштенските пратки во автомобил наместо на домашна адреса

Поштенските пратки во автомобил наместо на домашна адреса
Шведската компанија Волво работи на развој на систем кој ќе овозможи испорака на пакетите нарачани преку интернет директно во автомобилот на купувачот, наместо на домашната адреса. Компанијата посочува дека креирала еднократен дигитален клуч кој на поштенските или курирски сужби ќе им овозможи да го користат за лоцирање и отворање на возилото. "Системот ќе им овозможи на купувачите она што го купиле да им биде испорачано директно во нивниот автомобил, без оглед на тоа каде се. Со помош на паметен телефон или таблет, сопственикот на автомобилот ќе биде известен кога поштенската служба планира да достави нешто во возилото или да земе од него. Сопственикот на автомобилот потоа ја прифаќа испораката и може да следи кога се отвора возилото, соопштуваат од Волво. Технологијата би обезбедила решение за луѓето кои се постојано во движење и сакаат да примат испорака и кога се далеку од домот или канцеларијата. Компанијата додава дека неуспешните испораки ги чинат курирските компании околу милијарда евра годишно поради дополнителни испораки. "Идниот автомобил ќе биде многу повеќе од само превозно средство", велат од Волво. Новата технологија планираат да ја претстават на конгресот во барселона од 24 – 25 февруари годинава. Шведската компанија планира да се позиционира како една од најинвентивните компании на автомобилскиот пазар со ветувањето дека првите автомобили со функцијата авто – пилот ќе се најдат на патиштата во 2017 година, како и  со ветувањето дека нема да има повредени во нивните автомобили од 2020 година.
Слично

Поврзани вести