Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСЕТАТА НА ЕВРОПА Е ПРИВИЛЕГИЈА: Една држава веќе заговара да не им даваат визи на Русите

ПОСЕТАТА НА ЕВРОПА Е ПРИВИЛЕГИЈА: Една држава веќе заговара да не им даваат визи на Русите

Естонија повика европските земји да не им даваат визи на Русите. 

Премиерката Каја Калас бара  европските држави да престанат да издаваат туристички визи за Русите поради инвазијата на Украина. 

„Посетата на Европа е привилегија, а не човеково право. Авиосообраќајот од Русија е затворен. Тоа значи дека додека членовите на Шенген зоната издаваат визи за руските граѓани, соседите на Русија го носат товарот. Време е да се запре туризмот од Русија“, напишала Калас на Твитер. 

Укринскиот претседател Володимир Зеленски упати вакво барање.  Бара Западот да забрани влез на Русите на една година.Тој рече дека таа мерка треба да важи и за руските државјани кои ја напуштиле земјата. Но, руските власти велат дека нивните граѓани не можат да бидат изолирани. 

foto Facebook

Слично

Поврзани вести