Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСАКА ПОДОБРА СОРАБОТКА: Путин им ја честиташе Новата година на светските лидери!

ПОСАКА ПОДОБРА СОРАБОТКА: Путин им ја честиташе Новата година на светските лидери!

Претседателот на Русија им упати денеска новогодишна честитка на светските лидери, вклучувајќи го претседателот на САД, Германија, и Франција, соопштуваат од Кремљ.

Путин на својот американски колега Барак Обама му го честита Божиќ и Нова година и ја нагласи важноста на руско-американските односи, пренесе агенцијата Тас.

Годината која е на самиот крај потврди дека односите на Русија и САД се клучен фактор кој обезбедува меѓународна безбедност“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Претседателот на Русија исто така изрази уверување дека Русија и САД можат успешно да се соочат со новите предизвици и закани и да помогнат во разрешување на кризата во различни делови во светот по пат на изградба на конструктивен дијалог и соработка, имајќи ги предвид заедничките интереси, наведуваат од Кремљ.

Путин исто така упати новогодишни честитки и до францускиот претседател Франсоа Оланд, на германската канцеларка Меркел, британската кралица Елизабета Втора и премиерот Дејвид Камерон.

Слично

Поврзани вести