Португалскиот буџет за 2013 пред уставен
Во својот синоќешен новогодишен говор на телевизијата претседателот изјави дека на негова иницијатива судот ќе биде повикан да се произнесе за согласноста на буџетот со Уставот на републиката.
Седумдесет и тригодишниот претседател, кој доаѓа од владеачката либерална Социјалдемократска партија на премиерот Педру Пасуш Коељо, ги повика Португалците да се обединат во своите напори. „2103 година ќе биде тешка. Реализацијата на буџетот ќе доведе до намалување на доходите на граѓаните, покажувајќи драстично зголемување на даноците со намалување на социјалните трошоци. Сите ќе бидат засегнати, но некои повеќе од другите, што ги раѓа сомневањата во праведноста на поделбата на напорите“, изјави претседателот.
Одобрен од парламентот на крајот на ноември, буџетот во петокот беше потпишан од претседателот, и тој вчера официјално влезе во сила.
Претседателот ја оправда својата одлука да го потпише буџетот затоа што според него „без тоа земјата ќе беше лишена од најважниот инструмент на економската политика со кој располага, и последиците на меѓународен план ќе беа крајно негативни“.
Повеќе партии од крајната левица се изјаснија дека имаат намера да се жалат пред Уставниот суд.
