Економија, финансии, бизнис

Контакт

Португалија во најдлабока рецесија во последните четири децении

Португалија во најдлабока рецесија во последните четири децении

Португалската економијаво 2012 година забележа пад од 3,2% што претставува е најголем годишен пад од 1975 година, објави португалската Агенција за статистика.

Португалија спроведува опсежни мерки за намалување на долгот кои опфаќаат зголемување даноци и намалување плати и пензии во замена за меѓународни кредитни линии од 78 милијарди евра, договориени во мај 2011 година.

Такво забавување на економијата е последица на падот на личната потрошувачка и слабиот раст на извоз со намалувања во економијата во последниот квартал за 3,8 отсто. Невработеноста во Португалија е 17,6 отсто што е трета најголема стапка во ЕУ, по Грција и Шпанија. Португалската економија регистриаше пад во 2011 година за 1,6 отсто, а Владата за следната година прогнозира пад за два отсто.

Слично

Поврзани вести