Португалија: Судот го блокираше најавеното намалување плати и пензии
Португалскиот Уставен суд по втор пат ги блокираше владините планови за намалување на платите на државните службеници и пензиите, соопшти Блумберг. Според пресудата ваквата мерка е спротивна на португалскиот Устав.
Барањето за намалувањето на трошоците е утврдено во планот за помош од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во вредност од 78 милијарди евра. Мерката требаше да донесе исполнување на целите во однос на буџетскиот дефицит до крајот на оваа година.
Минатата година судот ја запре Владата да ги намали платите на државните службеници, во износ на две плати, за 2013 и 2014 година. Овие планови беа прогласени од страна на Уставниот суд како "нарушување на принципот на еднаквост и фер распределба на јавните должности", истакна претседателот на судот Хоаким Соуса Рибеиро.
Судот за неуставно го прогласи и намалувањата на помошта за невработеност и инвалидност.
Португалската влада се обидува да се бори со растечката невработеност и намалувањето на побарувачката од традиционалните трговски партнери во Европа. Една од мерките во оваа насока оди кон зголемување на даноците, за да бидат остварени целите утврдени во договорот на меѓународната кредиторска тројка.
Слично
