Економија, финансии, бизнис

Контакт

Португалија ќе прифати бегалци Јазиди

Португалија ќе прифати бегалци Јазиди

Португалија ќе прифати 470 бегалци Јазиди.

Тие сакаат да дојдат во земјата, соопштија властите. Јазидите се  малцинство, гонето од групата „Исламска држава",  а илјадници нивни членови се наоѓаат во кампови во Грција.

„Цел на лудилото на „Исламска држава " е јазидската заедница која е особено ранлива и не е безбедна во Грција" - изјави на прес-конференција во Лисабон европратеничката,  Ана Гомеш.

Таа појасни дека добила од португалската влада уверување дека ќе прифати група од 470 Јазиди кои живеат во грчкиот камп Идомени.

„Спротивно од она што можеби  сте слушнале овие бегалци сакаат да дојдат во Португалија", - истакна таа.

Гомеш додаде дека од грчка страна, сепак има административни пречки кои го успоруваат преместувањето на бегалците.

Португалија понуди во февруари да прифати максимум 10 000 бегалци, двојно повеќе од квотата од 4500 луѓе. Но, досега сепак примила  само 452 лица.

Според експерти на ОН во рацете на „Исламска држава" во моментов се наоѓаат околу 3200 Јазиди, повеќето од нив во Сирија. Девојките стануваат сексуални робинки, а момчињата се испраќаат да се борат.

Слично

Поврзани вести