Економија, финансии, бизнис

Контакт

Португалија ја продава државната пошта

Португалија ја продава државната пошта
Португалската влада планира дека од приватизацијата на 70 постотниот удел на државата во поштанската компанија CTT (Correios de Portugal), да добие повеќе од 578 милиони евра. Преостанатите 30 отсто од компанијата ќе остане во рацете на државниот холдинг Парпублика, пренесе агенцијата АП. Лисабон, во рамките на примарниот упис на акции (ИПО) продава вкупно 105 милиони акции на фирмата CTT, а цената на една акција владата ја утврдила на 5,52 евра. Целата фирма така била проценета на 828 милиони евра. За институционалните инвеститори се одвоени 84 милиони акции, а преостанатите 21 милион акции се наменети за индивидуални купувачи, вклучувајќи ги и вработените во поштата. Ним акциите ќе им бидат понудени по значително пониска цена од 5,24 евра по акција. Тргувањето со акциите на поштата ќе почне на Лисабонската берза во четврток на 5. декември.  
Слично

Поврзани вести