Економија, финансии, бизнис

Контакт

Порториканците два дена седат во мрак по разорниот земјотрес

Порториканците два дена седат во мрак по разорниот земјотрес

Порторико два дена е без струја по разорниот земјотрес. 

Повеќе од три милиони луѓе се без струја, а ноќта кон средата само 100.000 луѓе имале пристап до електрична енергија, објави операторот АЕЕ.

Во силниот земјотрес од 6.4 степени, уништена е најголемата електрична централа во земјата, многу домови, а загина најмалку едно лице.

Училиштата во земјата се затворени. Некои од Порториканците во тешко погодените јужни делови на островот ноќеска ги изнесоа креветите од домовите и преспиваа на отворено. 

Пунта Вентана, природен срцелик камен, еден од најпознатите природни симболи на Порторико и една од најпопуларните туристички дестинации е уништена во земјотресот кој ја погоди таа земја. Прогласена е вонредна состојба. 

Порторико сѐ уште закрепнува од девастирачкиот ураган од 2017 година, кој уби околу 3.000 луѓе и уништи значителен дел од инфраструктурата. 

Слично

Поврзани вести