Порошенко: Во Украина има 40 илјади вооружени Руси
На окупираните украински територии има 40 илјади руски војници.
Ова го изјавил претседателот на Украина, Петро Порошенко во својот говор по повод Денот на независноста, кој денес Украинците го слават.
Според зборовите на Порошенко, руската вооружена група во близина на источната граница на Украина брои уште 50 илјади луѓе.
Меѓу 40-те илјади кои се на украинска територија има и 9 илјади кадровски воени на раководни позиции, истакнува уште претседателот.
Порошенко е убеден дека „непријателот не се откажал од идејата за офанзива кон внатрешноста на земјата“.
Руската агресија одзела животи на 2100 украински војници, истакнал претседателот на Украина, нагласувајќи - „Нема да заборавиме и никогаш нема да им простиме“.
Слично
