Порошенко признал дека руската војска е најсилна во светот
Руската војска е најголема и најсилна на светот, Украина не може да и се спротивстави, изјавил претседателот на Украина Петро Порошенко за полски ТВ канал TVN24 BiS, пренесува Руска реч.
„Ние создадовме нова војска која може да ги задржи терористите, но со воените сили нема да го завршиме овој конфликт. Русија има милион војници и е најголема и најсилна армија на светот, на која ние не можеме да и спротивставиме“, изјавил Порошенко , пренесува весникот „Взгљад“.
Порошенко истакнал дека е неопходно да се продлжат преговорите со цел рашавање на конфликтот.
„Сите треба да седнат на преговарачката маса. Русија од своја страна треба да го реализира планот од Минск“, изјавил претседателот на Укрина.
Порошенко исто така ја повика Русија да „ги повлече своите војници“ од територијата на Украина и да престане да им помага на доброволците.
Кон крајот на декември минатата година Петро Порошенко изјавил дека Украина денеска ја има една од борбено најспособните армии на светот.
