Економија, финансии, бизнис

Контакт

Порошенко положи заклетва за украински претседател: „Крим бил и ќе биде на Украина“

Порошенко положи заклетва за украински претседател: „Крим бил и ќе биде на Украина“
Новоизбраниот украински претседател, милијардерот Петро Порошенко денеска и официјално е инаугуриран на претседателската функција. Тој стана петтиот претседател на Украина од стекнувањето на независноста на земјата во 1991 година. Во своето обраќање веднаш по положувањето на заклетвата, Порошенко ги повика сепаратистите во источните делови од Украина да го положат оружјето и вети дека ќе гарантира безбедно враќање на руските борци дома. „Јас не сакам војна, не сакам одмазда. Сакам мир и сакам да завладее мирот. Ве молам, положете го оружјето и јас им гарантирам имунитет на сите оние што не си ги извалкале рацете со крв“, рече Порошенко. На украинскиот народ тој му вети дека ќе го зачува единството на државата, додека на жителите на Доњецк се обврза дека ќе им даде поголема децентрализација на власта и ќе им ја гарантира слободната употреба на рускиот јазик. Но, притоа, Порошенко нагласи дека нема да има компромис со Русија во врска со проевропскиот став и статусот на Крим. „Крим беше и ќе остане украински. Јас тоа јасно му го кажав на рускиот претседател во Нормандија“, рече Порошенко, кој вчера оствари прва средба со Путин. КОНЕЧНО ПОМИРУВАЊЕ: Русија и Украина договорија прекин на тензиите?  
Слично

Поврзани вести