Порошенко, Меркел, Оланд: Мир-веднаш!
Претседателот на Франција Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел и украинскиот шеф на државата Петро Порошенко повикаа на престанување на огнот на истокот од Украина.
Тоа е соопштено од канцеларијата на францускиот претседател, после телефонскиот разговор на тројцата високи претставници.
Оланд, Меркел и Поршенко разговарале за состојбата во Украина и изразиле жалење поради неуспехот на консултација на контакт групата вчера во Минск.
„Тие повикале на итен прекин на огнот“, се наведува во соопштението на францускиот претседател.
Мировните преговори чија цел е прекин на крвопролевање на истокот од Украина се прекинати, и не се планира нивно продолжение, изјавил вчера во Киев украинскиот поранешен претседател Леонид Кучма.
„Консултациите во Минск не се завршени со неуспех“, рекол Леонид и додал дека лидерите на проруските сепаратисти, кој го потпишаа претходниот договор на 5 септември во Минск, не дошле на преговори, а новите претставници одбиле да разговараат за нов прекин на огнот и повлекување на тешкото наоружување.
Во меѓувреме, војна беснее во Доњецк и околината.
