Економија, финансии, бизнис

Контакт

Порошенко: Крим се уште е украинска територија

Порошенко: Крим се уште е украинска територија

Крим се уште е украинска територија. Тоа го изјавил украинскиот претседател Петро Порошенко во интервјуто за „The Wall Street Journal“.

„Крим се уште е украинска територија и е наша заедничка одговорност, на Киев и на остатокот од светот, да ја исправиме неправдата и де факто да го натераме агресорот да си отиде“ изјавил Порошенко.

„Порано или подоцна Крим ќе се врати таму каде што му е местото, а нашиот долг е да го направиме тоа порано - поради правата на нашите граѓани, меѓународните закони и глобалната безбедност“, истакнал шефот на државата.

Слично

Поврзани вести