Економија, финансии, бизнис

Контакт

Порошенко ќе бара проруските сили да се повлечат

Порошенко ќе бара проруските сили да се повлечат

Украинскиот претседател Петар Порошенко денеска на неговиот сајт соопшти дека од рускиот претседател Путин, кога наредната недела се состанат, ќе бара да превземе чекори проруските активисти да се повлечат од Украина.

Порошенко би требало да се види со Путин во белоруската престолнина Минск, на 26 август, на состанокот на кој ќе присуствуваат и највисоките лидери на ЕУ и земјите од составот на Царинската унија, која ја предводи Русија, пренесува Ројтерс.

Порошенко всушност не го спомена Путин по име, туку рече ќе „барам бунтовничките борци да се повлечат од Украина“.

Украинските власти ја обвинуваат Русија заорганизирање бунтови на истокот на земјата, во која загинале повеќе од 2000 лица како и за наоружување на бунтовниците, што Москва го демантира.

 
Слично

Поврзани вести