Порошенко ја зголеми дневницата за 60 долари за секој украински војник
Украинскиот претседател Петро Порошенко ветил додатни 60 долари дневно, околу 1000 гривнји, за секој украински војник кој се бори против проруските борци на југоистокот на земјата. Причината за зголемување на платата за војниците е да се привлечат нови војници зашто граѓаните масовно ја избегнувале регрутацијата.
Порошенко рече дека зголемувањето на платата ќе се применува од 1 февруари за секој војник што ќе учествува во борбени операции.
Советникот на украинскиот претседател Јуриј Бирјуков потврди дека луѓето масовно ја избегнуваат регрутацијата која почна на 20 јануари.
Украина веќе најави дека очекува годинава да мобилизира над 100 илјади мажи, а по потреба ќе се мобилизираат и жени на возраст од 25 до 50 години.
Слично
